УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА
Рок на испорака
Рокот на испорака е до 5 работни дена. Во периодот на сезонските намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено.
Преземање на пратки
Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 18:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
Цена на Испорака
Цената за достава на производи над 2.000 денари е бесплатна.
Бесплатната достава не важи во период кога се активни попустите освен кога е наведено на објавата.
Цената за достава на производи под 2.000 денари е 150 денари.
ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист, понизок или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на нашиот емаил info@ellaunderwear.mk или на нашата Facebook страна.
Замените се прават исклучиво по курирска служба и не е можна физичка замена во нашите соработници. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, Исто така, нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.
Откако производот ќе се врати во производството, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
РОК ЗА ЗАМЕНА
Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Ви овозможуваме БЕСПЛАТНА ЗАМЕНА на производот за друга величина, модел или соодветен производ, согласно условите за замена.
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
Со цел да обезбедиме фер, коректна и квалитетна услуга за сите наши купувачи, ве информираме дека Ella Underwear повеќе нема да врши рефундација на средства по основ на доброволно враќање или промена на изборот.
Наместо рефундација, на нашите клиенти им овозможуваме БЕСПЛАТНА ЗАМЕНА на производот за друга величина, модел или соодветен производ, согласно условите за замена.
Оваа одлука е донесена поради зачестени злоупотреби на досегашната можност за рефундација, кои создаваат дополнителни трошоци и го отежнуваат одржувањето на услугата на нивото што сакаме да им го понудиме на сите наши клиенти.
